(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ е против етнички институции-советниците нема да ги гласаат буџетите во тие општини

Од:

СДСМ нема да поддржи етнички поделби во науката и категорично ќе се спротивстави на идеите кои ги промовираат и ги туркаат коалициските партнери во власта на чело со ВЛЕН. Категорично сме против формирање на паралелна Академија за науки и уметности затоа што тоа значи етнизација на науката и создавање етнички институции, немасто институции за сите граѓани, изјави пратеник од СДСМ, Митко Трајчулески.

„Она што го промовира ВЛЕН служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и нашето мултиетничко општеството. Оваа идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици од причина што МАНУ е и треба да остане институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. Науката ниту треба да се партизира ниту да се етнизира и злоупотребува во дневно политички цели и потреби.

СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите и со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои најавуваат дека имаат намера да го финансираат овој проект со пари на граѓаните. Општините се на сите граѓани, буџетот е од сите граѓани и треба да биде за сите граѓани, да се инвестира во решавање на проблемите а не во создавање поделби и тензии. Најавуваме дека советниците на СДСМ во овие општини нема да го поддржат Буџетот за наредната 2025 година. Ги повикуваме и останатите политички партии да се приклучат, особено советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Доколку тоа не го направат, ВМРО-ДПМНЕ ќе стане директен поддржувач и соучесник“, кажа Трајчулески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата

СДСМ: Откако МВР призна вина, началникот на Тошковски мора кривично да одговара