ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Од:

СДС и ДУИ додека ветуваа златни времиња, ја донесоа европската перспектива во ќорсокак. Додека Зоран Заев тврдеше дека носи историски докази од Брисел или старт на преговори, единствен факт од патувањето во Брисел беше селфито во авионот. Или го излажа народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа беше ситуација со која се покажа неспособноста на коалицијата СДС и ДУИ. СДС и ДУИ ниту имаа осет за државни интересни, уште помалку државнички став. СДС и ДУИ немаа црвени линии кога стануваше збор за стратегијата како да се поплочи патот кон ЕУ. СДС и ДУИ патот кон ЕУ го претворија во свој личен бизнис-план за сопствено богатење од кој дебел профит имаа членовите на нивните фамилии. Концептот европска иднина се распадна како кула од карти под налетот на контото на банкарските сметки на поранешните владини функционери. Јасно кажуваме заврши времето на игра со чувствата на граѓаните, заврши времето на местење тендери. ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и затоа доби поддршка од над 450 илјади граѓани. Сега патот кон ЕУ ќе продолжи без диктати“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР