Трамп одби да каже дали разговарал со Путин, но смета дека би било паметно да го стори тоа

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска одби да каже дали разговарал со рускиот претседател Владимир Путин по завршувањето на неговиот мандат во 2021 година.

Одговарајќи на прашање на новинар на Блумберг во Чикаго, Трамп во исто време рече дека ќе беше паметно ако го направеше тоа, пренесе Ројтерс.

„Ако го направив тоа, тоа беше паметна работа“, рече Трамп.

Во новата книга на новинарот на Вашингтон пост, Боб Вудворд, „Војна“ се наведува дека Трамп, кој е и републикански кандидат на претседателските избори во САД на 5 ноември, разговарал со Путин во неколку наврати откако тој ја напушти Белата куќа во јануари 2021 година.

Би можело да ве интересира

Избори во САД 2024: Вооружен маж уапсен пред митингот на Трамп во Калифорнија

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

Путин: Неопходен е нов светски поредок

Нема веќе за што да дискутираме, Трамп одби нова дебата со Харис

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД