Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мора да се придржува до одлуките на ОН и не смее да заборави дека неговата земја е создадена со одлуката на тоа меѓународно тело, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Забелешките на Макрон се однесуваат на гласањето на Генералното собрание на Обединетите нации во ноември 1947 година за планот за поделба на Палестина на еврејска и арапска држава, пишува Фигаро.

Макрон претходно денеска телефонски разговараше со претседателот на Претставничкиот дом на Либан, Набих Бери, по што рече дека е неопходно да се воспостави прекин на огнот во Либан и дека Хезболах мора веднаш да ги прекине нападите врз Израел.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан