Во израелските напади врз кампот Џабалија загинаа 10 лица, а најмалку 30 се повредени

Од:

Палестинските здравствени власти денеска објавија дека најмалку десет лица загинале, а најмалку 30 се повредени во израелските воздушни напади врз центар за дистрибуција на храна во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, истакнувајќи дека меѓу жртвите има жени и деца, пренесе Ројтерс.

Претходно денеска медиумите објавија изјава од болница во окупираната палестинска енклава во која се наведува дека во израелски воздушен напад врз училиште во централниот дел на Појасот Газа, кое било претворено во засолниште, загинале најмалку 20 лица, меѓу кои и деца.

Американската агенција АП утрово јави дека две жени се убиени во израелскиот напад извршен во неделата вечерта во блискиот Нусејрат.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан