УЕФА ги казни Лацио и Атлетико поради расизам

Од:

Европската фудбалска унија соопшти дека ги казнила фудбалските клубови Лацио и Атлетико поради расистичкото однесување на нивните навивачи.

Атлетико е казнет со 30.000 евра со една година условна забрана за продажба на билети на своите навивачи на гостински натпревари во натпреварувањата на УЕФА.

Управното тело на европскиот фудбал соопшти дека имало расистичко и дискриминаторско однесување од навивачите на Атлетико за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Бенфика претходно овој месец.

Лацио е казнет со 45.000 евра поради „расистичко однесување на нивните навивачи“ за време на неодамнешниот натпревар во Лигата на Европа против Ница.

УЕФА додаде дека два сектори од стадионот на Лацио ќе бидат затворени за следниот домашен натпревар на италијанскиот клуб во Лига Европа против Порто на 7 ноември.

Би можело да ве интересира

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Жесток удар за Ливерпул

Предраг Петровиќ

Барселона го загуби судскиот спор против Зенит

Предраг Петровиќ

Примија смешен гол, па славеа на „Максимир“

Предраг Петровиќ

Србија оствари победа над Швајцарија во Лесковац

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо