Бугарскиот тенисер Григор Димитров доживеа инцидент во Шангај кој за малку ќе прераснеше во скандал и сериозна пресметка со навивач.
Откако го победи Алексеј Попирин, тој го напушти теренот и се проби низ толпата љубители на тенисот.
Еден од нив или фрлил нешто кон него или го закачи, а Бугаринот се сврте и тргна кон него.
Looks like someone tripped up Dimitrov after the match, Grigor was very unhappy about it. Not the best security… pic.twitter.com/ijF3zvL2FV
— Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) October 8, 2024
Тој му се закани со прстот и му викаше „никогаш повеќе да не го направиш тоа“, а ситуацијата беше многу напната.
За среќа немаше поголема ескалација и со помош на обезбедувањето популарниот „Гриша“ го напушти теренот.
Во следното коло на Мастерсот во Шангај, Григор Димитров ќе игра против чешкиот претставник Меншик.
Победникот од тој дуел во четвртфиналето ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Роман Сафијулин.