„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Од:

Милијардерот Илон Маск верува дека по ноемвриските претседателски избори во Америка ќе заврши во затвор доколку демократската кандидатка и потпретседател Камала Харис победи против републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

„Ако тој (Трамп) изгуби, јас сум нае*ал“, рече Маск во интервјуто што го даде синоќа за новинарот Такер Карлсон.
Интервјуто беше емитувано во живо на социјалната мрежа Х, порано Твитер, во сопственост на Маск.

Што мислите, колку долго ќе добијам затворска казна? Дали ќе ги видам своите деца? Не знам“, рече најбогатиот човек на светот, пренесува New York Post.

Американскиот весник потсетува дека Маск ја поддржал кандидатурата на Трамп откако поранешниот американски претседател преживеа обид за атентат на 13 јули на митинг во Батлер, Пенсилванија, а минатиот викенд се појави на сцената со Трамп на предизборен митинг одржан во истиот град.

Маск (53) роден во Јужна Африка, кој сега е државјанин на САД, се вели дека донирал милиони долари на организација која ја поддржува претседателската кандидатура на Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел