Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Од:

Судот во Москва го осуди 72-годишниот американски државјанин Стивен Хабард на шест години затвор бидејќи, според нив, се борел како платеник за Украина.

Хабард, кој по потекло е од Мичиген, е обвинет дека се борел против Русија за плата и минатиот месец се изјасни за виновен по обвиненијата дека бил платеник. Руските обвинители тврдеа дека Хабард бил дел од украинската војска во клучниот град Изум, за што добивал околу 1.000 долари месечно.

Во април 2022 година, тој беше заробен од руските сили.

„Да, се согласувам со обвиненијата“, изјави Хабард пред градскиот суд во Москва за време на сослушувањето во септември. Неговото судење и изрекувањето на пресудата се одржаа зад затворени врати во московскиот суд.

Би можело да ве интересира

САД воведоа нови санкции против Русија

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Украина: Русите шират дезинформации за бомбардирањето