Левица: Со ископот на мермер за Бехтел и Енка се загрозува населението и природата

Од:

„Минирањето на мермерот во близина на селото Ореовец, прилепско, предизвикува сериозни еколошки проблеми коишто ја загрозуваат животната средина и здравјето на локалното население. Не само што физички сe уништувa теренот, туку и се загадувaaт подземните води, кои се клучни за опстанокот на локалната заедница.

Проблематично е и тоа што мермерот кој се ископува не е материјал погоден за изградба на автопати, и е познат по својата декоративна вредност и релативна мекост. Неговото користење како градежен материјал е неколку пати поскапо отколку каменот варовник кој го има во изобилство во државата и веќе активно се ископува.

Оваа несоодветната употреба ја ништи и оправданоста на овој ископ и покрај огромните еколошки последици – потребна е ревизија на доделените права за експлоатација”, рече на прес-конференција, Андреј Куцуловски, координатор на Зелениот сектор на Левица.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија

Левица: Мијалков не може да ја демантира неговата бизнис мрежа околу Барутана

А1он

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат нашата позиција ниту го бришат нивното минато и денешната реалност во Македонија

Јосифово на удар од диви свињи: цело стадо се спушти над селото, жителите бараат итна реакција

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ