ЛДП: Власта ќе го полни буџетот преку рекет на мали фирми

Од:

Либерално-демократската партија смета дека иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за измени и дополнување на Законот за прекршоци, со што драстично ќе се зголемат казните за приватните лица и претпријатијата, е уште еден обид да се оптоварат и уценат граѓаните, а крајната цел е полнење на веќе испразнетиот буџет, дотолку повеќе што секнуваат и кредити од надвор, велат од партијата за измените во законот кои се наоѓаат во собраниска процедура.

Уште позагрижувачки е, сметаат оттаму, што владата парите од буџетот ги троши крајно недомаќински, на непрофитни дејности, за изградба на објекти и на спомници, саморекламирање и за јалови роад шоуа.

„Истата приказна, само во друго издание, ја гледаме деновиве преку агресивната акција на Управата за јавни приходи, со која секоја трафика, мала продавница или фирма со еден до двајца вработени се најдоа под досега невиден притисок на моќните инспектори. Изречени се огромни казни за ситни пропусти. На тој начин казните наместо да имаат поучна и предупредувачка улога, како во државите на ЕУ, тие стануваат постојана навика на оваа власт и механизам за притисок и уцена врз малите сопственици и претпријатијата. Денес во Република Македонија по секоја посета на инспекторите задолжително следат високи казни под разни изговори и со однапред поставена цела: да се исполни дневната квота на казнување“, велат од ЛДП.

Либерално-демократската пратија е загрижена затоа што со зголемувањето на казните од Законот за прекршоци на власта ќе и се даде уште едно моќно оружје за контрола и казнување на непослушните мали, средни, па и големи стопанственици. Партијата предлага, наместо воведување на поголеми казни, да ги намали веќе постојните со што, велат, тие ќе бидат во соогласност со целокупната економска состојба во државата.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Лекорни ја избра својата нова „екипа“