ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран

Од:

Врховниот лидер на Иран ги повика муслиманските нации да „заврзат одбранбен појас“ од Авганистан до Јемен и од Иран до Газа и Либан. Ајатолахот Али Хамнеи ја водеше петочната молитва во Иран првпат по четири години.

Следејќи ја иранската традиција, тој го одржа својот говор со пушка покрај себе. Во десниот агол на насловната фотографија се гледа дел од цевката на пушката.

Тој рече дека непријателот на Иран е ист како непријателот на палестинската држава, Либан и другите муслимански народи.

Тој додаде дека нападот на 7 октомври на Хамас врз Израел – за време на кој Израел рече дека околу 1.200 луѓе биле убиени, а 250 биле земени како заложници во Газа – е легитимен чин, како и нападот на Иран врз земјата оваа недела.

Неговите изјави доаѓаат помалку од една недела откако Хасан Насралах, водачот на либанската милитантна група Хезболах, беше убиен во израелски воздушен напад.

„Иран повторно ќе го нападне Израел доколку е потребно“, рече тој.

„Брилијантната акција на нашите вооружени сили пред неколку ноќи беше целосно легална и легитимна“, рече Хамнеи.

Хамнеи голем дел од својот говор посвети на Хезболах и Хасан Насрала, кој беше убиен од Израел во Бејрут минатиот петок.

Вториот дел од неговата проповед беше одржан на арапски, за да и се обрати на либанската и палестинската публика, рече тој. „Израел никогаш нема да ги победи Хамас и Хезболах“, рече Хамнеи.

„Народот на Палестина има право – во лицето на непријателот што ја зазеде нивната земја, дом, фарми и влијаеше врз нивните животи – да застане за себе“, рече тој.

Палестинскиот народ има законско право да се брани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски