Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Од:

Потребни се осум дена за комплетирање на целата документација од стручниот наод која треба да утврди дали имало пропусти при породувањето со 31-годишната родилка во Кумановската болница. Новороденчето, се уште е на респиратор на Детската клиника во Скопје и во тек се невролошки иследувања.

Министерот за здравство Арбен Таравари, иако најави дека извештајот може да се очекува денеска, на денешната прес-конференција на која имаше отчет за работата од првите 100 дена на Владата, кажа дека тоа ќе биде најдоцна до вторник или среда идната недела.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека протоколите по кои се работи во болниците за гинекологија се обновени, но и оти во изработка се нови за постапување со пациентите, како за работата на гинекологија, така и за сите болници.

– Осум дена се потребни за комплетирање на целата документација за да кажеме дефинитивно дека имало или немало лекарска грешка. Протоколите се абдејтирани, а во моментот подготвуваме и нови за сите, не само за Гинекологија, кои ќе бидат објавени до почетокот на ноември или во тек на ноември, рече Таравари.

Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди посочи дека новороденчето е се уште на респиратор, бидејќи покажувало невролошка асимптоматологија во смисла на конфузии, грчеви.

– Понатамошните иследувања во однос на невролошки снимања на централниот нервен систем и другите системи се во тек. Сеуште е рано да прогнозираме за последиците. По нашите проценки мислам дека е оштетен доста мозокот, по тие манифестации, но сеуште е рано да процениме колку и до кој степен, изјави денеска Мемеди.

Новороденчето, според него, било примано со тешка асфекција, со многу ниски оценки на раѓање, без срцева акција и без дишење. Било анимирано во Кумановската болница и на Детската клиника пристигнало во тешка, критична општа состојба, поставено на респираторна машина.

Во Кумановската општа болница на 1 октомври Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор за случајот со починатата родилка. Надзорот покажал дека родилката при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Алијанса на Таравари ќе го оспри „Безбеден град“ пред Уставен суд

Катерина Ѓуровски

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски