Според неофицијални информации до кои дојде порталот Klix.ba, бројот на загинати во поплавите и одроните во Јабланица е зголемен на над 15 лица. Имаме информации за 20 исчезнати, за жал бројот на мртви постојано расте велат од владата на БиХ.
Оваа информација се уште не е официјално потврдена од МВР на ХНК. Покрај војниците на вооружените сили на БиХ, во акцијата за пребарување и спасување се вклучиле и британските специјалци кои биле на обука во нашата земја.
Klix.ba дознава дека во текот на денот ќе се одржи итна седница на Советот на министри на БиХ.
Драматични се сликите од Јабланица. Куќи се под вода, а поројната вода однесе голем број возила.
Патот кај изворот Комадино целосно исчезна. фотографиите потврдуваат дека патот го нема и дека Јабланица е целосно отсечена.
Исто така, сообраќајот кон југот на земјата е значително отежнат, бројни патни правци се целосно блокирани, а единствениот начин да се стигне од Сараево до Мостар е преку централна Босна.
Владата на ХНК дури ги предупреди граѓаните да не тргнуваат на патот кон Јабланица и Мостар.