Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Од:

Јувентус мака мачи со повреди, вклучувајќи ја и онаа на Аркадиуш Милик, поради што може да се сврти кон Лука Јовиќ, пишува „Тутоспорт“.

Како што пренесува „Тутоспорт“, Милик повторно бил опериран и би можел да биде подготвен за враќање само за неколку месеци.

Тоа значи дека Тиаго Мота нема вистинска замена за Душан Влаховиќ. И Јилдиз и Нико Гонзалес на моменти играа на позицијата центарфор, но „неизбежно е Јувентус да ги разгледа опциите за да не биде неподготвен за јануарскиот преоден рок, доколку Полјакот се уште не е подготвен“, пишува споменатиот медиум.

Се шпекулира дека Јуве би можел да се фокусира на таканаречениот „пазар на незадоволни“, што значи напаѓачи кои моментално немаат голема минутажа во своите клубови.

Идеално, тоа би бил играч од Серија А за полесна интеграција, но не е лесно. Можна опција би можел да биде Јовиќ, кој падна во втор план по летните засилувања на Алваро Мората и Теми Абрахам, а договорот му истекува во јуни.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ