ВИДЕО: Најжестоко бомбардирање на Либан во речиси 20 години

Од:

Десетици загинаа откако Израел изврши тешки напади врз неколку региони на Либан во текот на ноќта. Како што јави Си-Ен-Ен, ова е најтешкото бомбардирање на Либан во речиси две децении.

Израелската војска (ИДФ) денеска соопшти дека во текот на ноќта погодила околу 200 цели на Хезболах на либанска територија, вклучително и инфраструктурни објекти на милитантната група, складишта за оружје и набљудувачки пунктови во јужен Либан.

ИДФ соопшти дека израелските воздухопловни сили „прецизно ја погодиле“ општинската зграда во Бинт Џбеил, јужен Либан, за која велат дека управуваат милитанти на Хезболах и каде што во зградата биле складирани „големи количини оружје на Хезболах“.

Повеќе од десетина воздушни напади беа пријавени и врз јужните предградија на Бејрут, кои беа цел на „воздушна агресија“ и „непријателски воени авиони“, соопшти NNA. Во последните денови, израелската армија постојано ги бомбардираше јужните предградија на главниот град, упориште на Хезболах.

ИДФ додаде дека утринава 25 ракети и два беспилотни летала преминале на израелска територија од Либан. Нема повредени, соопшти ИДФ.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

Медиуми: Премиерот на Израел го одобри договорот со Хезболах

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија