(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Од:

Над 100 луѓе се евакуирани од зграда која утрово ја зафати пожар во скопската населба Чаир. Според неофицијални информации, од пожарот кој почнал во магацински простор има неклкумина кои побарале лекарска помош поради вдишување чад.

Екипите на противпожарната бригада и на Брзата помош се на трен.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) само ја потврдија информацијата за пожарот велат дека на терен се излезени противпожарните екипи кои се обидуваат да се справат со огнените јазици.

– Од Противпожарната единица ќе пратат информација кога ќе завршат со акцијата – велат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни

(ВИДЕО) Пламна пожар во атарот на селото Бајково на планината Ограждена, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија на градилиште во Брисел: Неколку загинаа, тела се пронајдени во лифт

Пожар на градилиште во Брисел, шест лица се водат како исчезнати

Горан Наумовски

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Син уби татко во Скопје

А1он