Иран утринава соопшти дека неговиот ракетен напад врз Израел – најголемиот досега воен напад врз еврејската држава – е завршен доколку нема дополнителни провокации. Израел и САД веќе најавија дека ќе му се одмаздат на Техеран.
„Нашата акција заврши доколку израелскиот режим не одлучи дополнително да се одмазди. Во тоа сценарио, нашиот одговор ќе биде посилен и посилен“, вели иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во објавата на X.
Во изјава за државните медиуми, Генералштабот на иранските вооружени сили рече дека секој одговор на Израел ќе биде дочекан со „големо уништување“ на неговата инфраструктура. Исто така, рече дека ќе ги таргетира регионалните цели на секој израелски сојузник што ќе се вклучи.
Earlier this evening, we exercised self-defense under Article 51 of the UN Charter, targeting solely military & security sites in charge of genocide in #Gaza and #Lebanon.
We did so after exercising tremendous restraint for almost two months, to give space for a ceasefire in… pic.twitter.com/SJJrAhxIdN
— Seyed Abbas Araghchi (@araghchi) October 1, 2024