Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Од:

Албанската државјанка Клевиса Имери денеска пред Општинскиот суд Дубровник е осудена на четири години затвор за сторено кривично дело против безбедноста во сообраќајот, односно предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај. Воедно и беше продолжен притворот.

Станува збор за тешка сообраќајна несреќа што се случи кон средината на април во месноста Ратац во Дубровничко-неретванската жупанија, во која животот го загубија братот и сестрата Стјепан (21) и Катарина (19) Ѓерек.

Ова е неправосилна пресуда.

Обвинетата Имери е уапсена веднаш по излегувањето од болницата во Дубровник, бидејќи е во истражен затвор. Се зборуваше дека Имери може да излезе од притвор за да се брани од слобода, поради што семејството на починатата организираше два протести пред судската палата. Виктор Ѓерек, братот на жртвите, тогаш изјави дека се плашат од можноста таа да избега.

Адвокатот кој го застапува семејството на починатите рече дека семејството е незадоволно од пресудата.

Би можело да ве интересира

Тројца загинати, повеќе повредени во страотна несреќа на патот Кичево-Гостивар

Катерина Ѓуровски

Тешка несреќа на патот Кичево-Гостивар, сообраќајот е во целосен прекин

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Петмина повредени во сообраќајка, прекин на сообраќајот на патот Делчево-Пехчево-Берово