Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Од:

Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон наскоро треба да ги објави своите мемоари, а медиумите во оваа земја веќе објавија делови кои ја заинтригираа јавноста.

Покрај приказната дека земјата под водство на Џонсон планирала воена акција за вакцини против Холандија, најголемо внимание привлече делот поврзан со смртта на кралицата Елизабета, која почина во 2022 година.

Ниту еден официјален претставник во претходните две години не ја откри точната причина за нејзината смрт, но Џонсон, кој поднесе оставка како премиер два дена пред овој трагичен настан, сега јавно кажа што е во прашање.

Во извадок од мемоарите објавени од британските медиуми, Џонсон тврди дека знаел повеќе од една година дека Елизабет има „некаков“ рак на коските.

Здравјето на монархот во Велика Британија е многу таинствена работа која речиси никогаш не се открива, па затоа овој пасус од мемоарите на Џонсон привлече толку големо внимание.

Треба да се додаде и дека официјално е објавено дека Елизабета починала од старост.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Три жени ранети во престрелка во Англија

ВИДЕО: Дамиано Дејвид вплови во соло музички води

Синот на Мајкл Џексон откри зошто татко му им ги покривал лицата со маски во јавност

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона