Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Од:

Очигледна е нервозата во Социјалдемократскиот сојуз по објавените анкети дека се пет пати послаби од ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не е и не може да биде оправдување за навредувањето на граѓаните со зборови како „будали”, рече денеска на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– СДС мора да сфати дека партиите постојат заради граѓаните, а не граѓаните заради партиите. Затоа кога народот казнува и кажува дека не му се допаѓа некоја политичка партија, истата не треба да го навредува, туку да се поправи. Најмалку што можат од СДС да направат е да смогнат сили и да се извинат. Ова е истата реторика на Стево Пендаровски кој го нарекуваше народот стока. Истиот заврши во политичка пензија. Топло им порачуваме на СДС за лошите резултати на анкетите, вината да си ја бараат во криминалните структури во партијата, а не кај народот, вели Лефков.

ВМРО-ДПМНЕ не прави разлика помеѓу навредатa „будала“ и пораката „не ме прави будала“, која значи „затоа што сум доволно паметен да знам дека лажеш“, одговорија од СДСМ.

– Се што кажа СДСМ е дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престане народот да го прави или да го смета за будала бидејќи граѓаните се доволно паметни и ги препознаваат сите лаги кои ги пласира владејачката партија. Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција и како власт. Граѓаните ова многу добро го знаат, се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa, секое маало, сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

(ВИДЕО) Кузеска: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособна и најкорумпирана досега

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие

(ВИДЕО) Кузеска: Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претворија во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните пари