ИДФ: Елиминиравме уште еден висок член на Хезболах

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека го елиминирале Хасан Халил Јасин, уште еден висок припадник на Хезболах.

„ИДФ елиминираше висок терорист од разузнавачката хиерархија на Хезболах кој беше одговорен за идентификување цивилни и воени цели на северната граница и длабоко во израелската територија“, се вели во соопштението.

Јасин наводно бил убиен во воздушен напад врз Дахије, јужно предградие на Бејрут.

„Како дел од својата улога, Јасин интензивно соработуваше со сите офанзивни единици на Хезболах. Тој лично беше вклучен во планирањето на терористички напади кои беа извршени против израелските цивили и војници, а планираше и дополнителни напади кои требаше да се извршат во следните денови “, нагласија Израелците.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците