Хамнеи ги повика муслиманите „со сите можни средства“ да се спротивстават на Израел

Од:

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи денеска ги повика муслиманите со сите средства да го поддржат Либан и либанската група Хезболах во конфликтите со Израел.

„Судбината на овој регион ќе ја одредат силите на отпорот, со Хезболах на чело“, рече Хамнеи откако израелската војска соопшти дека го убила лидерот на Хезболах Хасан Насрала, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека во изјавата на Хамнеи, муслиманскиот свет е повикан „со сите можни средства да застане покрај народот на Либан и гордиот Хезболах и да им помогне во нивната конфронтација со злобниот режим на Израел“.

Претходно денеска, врховниот лидер на Иран беше преместен на безбедна локација во земјата со засилени безбедносни мерки, изјавија за Ројтерс двајца регионални претставници информирани за ситуацијата од Техеран.

Иран е во постојан контакт со либанскиот Хезболах и другите регионални милитантни организации кои соработуваат со Техеран за да го подготват следниот чекор, откако Израел соопшти дека вчера го убил лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, во напад во јужен Бејрут.

Би можело да ве интересира

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

Нов израелски напад врз Либан, се зголемува бројот на загинатите

Израел и Хезболах се на чекор од постигнување на договор за мир

Жан-Ноел Баро: Израел бара дозвола да го нападне Либан

Горан Наумовски

Хезболах објави дека извршил напади со беспилотни летала врз две воени цели во Израел

Кац: Нема прекин на огнот во Либан додека Хезболах не се разоружа и не се повлече