Хезболах објави дека извршил напади со беспилотни летала врз две воени цели во Израел

Од:

Либанската милитантна проиранска група Хезболах денеска соопшти дека извршила напади со беспилотни летала врз израелската воена база Хакири во Тел Авив и врз воената база Амос на северот на Израел.

Ројтерс јавува дека пред нападот на базата во Тел Авив не се слушнале предупредувачки сирени и дека досега никој во Израел не зборувал за нападот.

Во базата Хакири, која е и воен и владин центар, се сместени штабовите на неколку воени ентитети, вклучувајќи го и воениот кабинет, и се наоѓа во прометна област на градот, веднаш до голем трговски центар и железничка станица. пренесува Танјуг.

Хезболах тврди дека втората цел на нападот е воената база Амос во близина на северниот израелски град Афула, центар за транспорт и воена технологија на израелските безбедносни сили (ИДФ).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израелската армија уништи 80 отсто од остатоците од сириската армија

Горан Наумовски

„Кој оди по стапките на Асад, ќе заврши како него“

А1он

Најмалку 19 Палестинци загинаа во израелските напади низ Појасот Газа

Израелските тенкови се на 20 километри од Дамаск

Сирија: Израел изврши повеќе од 100 воздушни напади денеска

Хезболах: Настаните во Сирија се голема и опасна трансформација