Претседателскиот кандидат на Републиканците, Доналд Трамп денеска се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во кулата Трамп во Њујорк и рече дека е време војната во Украина да заврши, јавува Би-Би-Си.
Републиканскиот претседателски кандидат постојано го критикуваше украинскиот лидер за време на кампањата за различните ставови за тоа како да се стави крај на војната што Русија ја започна со агресија во февруари 2022 година. Средбата меѓу двајцата се чинеше неверојатна за одржување до денес.
Зеленски рече дека верува оти тој и Трамп имаат „заеднички став дека војната мора да се прекине и дека Путин не може да победи“, додавајќи дека со Трамп ќе разговара за деталите од неговиот „план за победа“.
Трамп инсистираше на тоа дека има многу добри односи со Зеленски. „Исто така имам многу добри односи, како што знаете, со претседателот Путин и мислам дека ако победам на изборите, тоа ќе го решам многу брзо“, рече Трамп за новинарите.
Press Statements from Volodymyr Zelensky and Donald Trump. Trump praises him, bc Zelensky back then had "stopped" the "Russia hoax" that lead to his own impeachment. Trump speaking of Ukraine about a "victory", bc if the "other side" would win, he (Putin) could get even more. pic.twitter.com/DU6o09HiGG
— Bastian Brauns (@BastianBrauns) September 27, 2024
Бурното минато на односите меѓу двајцата политичари не се однесува само на актуелните воени настани. Трамп беше отповикан од Долниот дом на американскиот Конгрес во 2019 година поради обвинувањата дека вршел притисок врз Зеленски да достави компромитирачки информации за Џо Бајден и неговиот син Хантер, кој бил поврзан со украински компании.
Откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, Трамп често повторуваше дека најважно е да се стави крај на војната, а на прашањето дали сака Украина да победи во војната, тој избегнуваше да даде одговор. Трамп и денеска изјави дека за краток период ќе ја прекине војната и дека тоа воопшто немало да се случи доколку останел претседател. Тој одби да одговори на прашањето дали Украина треба да се откаже од дел од својата територија за да прекине војната.
Иако Зеленски е во посета на САД од неделата, нивната средба беше потврдена дури синоќа, кога Трамп објави скриншот од СМС пораката на претседателот Зеленски во која тој рече дека „важно е да имаме личен контакт и да се разбираме 100 отсто“.