Израел: Се подготвуваме за можна копнена инвазија на Либан

Од:

Израелските напади врз Либан имаат за цел да го подготват теренот за можен влез на војници и да продолжат да го деградираат Хезболах, изјави командантот на израелската армија Херзи Халеви пред израелските војници, мислејќи на можна израелска копнена инвазија на Либан.

„Ова е, исто така, подготовка на теренот за вашиот можен влез во Либан и продолжување на деградацијата на Хезболах“, рече тој пред израелската армија.

„Денеска Хезболах ги прошири своите напади, а подоцна денеска тие ќе добијат многу силен одговор. Подгответе се. Денеска ќе продолжиме, нема да застанеме, ќе продолжиме да ги удираме насекаде. Целта е многу јасна, безбедно да се вратат Израелците на северот на земјата“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

(ВИДЕО) Израел повторно го нападна Бејрут: Густ чад го прекри градот

Горан Наумовски

Хезболах лансираше 45 ракети кон Израел, израелската армија продолжува со нападите врз Либан

Нетанјаху: Армијата ќе продолжи да се бори со полна сила

Либан: Во текот на ноќта во израелски напади загинаа најмалку 13 лица

Аракчи: Техеран нема да остане рамнодушен во случај на војна во Либан

Горан Наумовски