Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната

Од:

Далма фоод и кетеринг, фирмата која подготвува храна за македонската армија соопшти дека сите анализи од надлежните институции потврдуваат дека храната и кујната се 100 посто исправни и не се најдени бактерии или други причинители за труење, но исто така и дека брисевите земени од вработените се негативни. Реакцијата на фирмата доаѓа по тврдењата за затурени војници од храната која ја добиваат токму од оваа комапнија.

„Во врска со јавно искажаните шпекулации за реализацијата на Договорот за јавна набавка за исхрана на припадниците на АРМ, склучен помеѓу Далма фоод и кетеринг сервис ДООЕЛ Скопје (носител на набавка), сакаме да ги информираме засегнатитњ страни и целокупната јавност дека во периодот од 12.09.2024 до 19.09.2024 фосин, надлежни органи и институции на РСМ извршија вонредна контрола на кујната во рамки на ДАалма фоод и кетеринг сервис ДООЕЛ Скопје каде се подготвува храната (оброците) за АРМ.

Од сите земени мостри од храна, површини и намирници, резултатите покажуваат негативни наоди за постоење на било каква бактерија или друг вид на причинител кој може да предизвика труење.

Во рамки на контролата се земени и брисеви од опремата и од вработените кои исто така се негативни во целост“, се вели во соопштението на фирмата која ги обијави и резултатите од направените испитувања.

Би можело да ве интересира

Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО

Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана

Уставниот суд поведе постапка за Правило на АРМ со кое се забранува вршење на верски обреди

Лога: Лафчиски неправедно го зазеде местото во АРМ што му припаѓа на Албанец

Катерина Ѓуровски

Армијата одбележува 32 години постоење

Артилериска стрелба по повод Денот на Армијата – 18 Август