Во израелскиот напад на Бејрут загинаа шест лица, загина командантот на Хезболах

Од:

Најмалку шест лица загинаа, а 15 се ранети во денешниот израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, соопшти либанското Министерство за здравство.

Во исто време, два неименувани либански безбедносни извори објавија дека во нападот е убиен еден од командантите на Хезболах, Ибрахим Кубаиси, пренесе Ројтерс.

Според тие извори, Кубаиси бил еден од водечките команданти на ракетната единица на Хезболах.

На фотографиите од местото на настанот се гледа дека се зафатени горните два ката од станбената зграда.

Израелската војска (IDF) претходно објави дека извршила „целни“ воздушни напади врз упориштето на Хезболах во Бејрут.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан