(ВИДЕО) Николоски: Се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик со Бугарија за да немаме пруга која што завршува во тунел кој не води никаде

Од:

Во рамки на министерскиот состанок на министрите за транспорт на Европската Унија каде присуствуваше и заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, во своето обраќање тој ги истакна крупните инфраструктурни проекти што се реализираат во Македонија а кои се од клучно значење за поврзување со земјите од Западен Балкан, за развој на регионот и економски развој и подобра комуникација за граѓаните во Македонија информираат од неговиот кабинет.

“Навистина е задоволство овие два дена да се биде со министрите за транспорт од Европската унија. Разговараме на многу важни теми, можеби најважната тема за граѓаните а тоа е поврзувањето како полесно да се стигне од точка А до точка Б.Презентирав што македонската влада прави во овие два и половина месеци. Прво во однос на авиолиниите дека имаме нова политика на субвенционирање која што очекувам следната година да донесе нови дестинации кон скопскиот и охридскиот аеродром, но исто така и некаде над 20 % повеќе патници, повеќе туристи во Македонија, а за македонските граѓаните повеќе можности да патуваат надвор од државата, вели Николоски.

Според Николоски приоритет број еден за Македонија е изградба на брза пруга Скопје-Солун со 200 km на час која како што вели целосно треба да ја промени економијата на Македонија и која Македонија треба да ја поврзе со главните пристаништа, а на север со Централна Европа.

„Интензивно работиме и на изградба на железничкиот Коридор 8 каде што првата секција од пругата кон Бугараија е скоро готова, а втората секција се работи во моментов, а однос на третата секција имаме технички предизвици кои што се надевам дека ќе ги решиме во следниот период како и предизвици во однос на проектирањето а и секако сите други пречки кои што ги спомнав во периодот што беше пред нас. Но, се надевам дека ќе најдеме и заеднички јазик со цел да немаме пруга која што завршува во тунел кој не води никаде, изјави Николоски.

Во однос на изградба на автопатиштата вели дека до крајот на година ќе биде завршен експресниот пат Куманово -Крива Паланка како и експресниот пат Прилеп – Градско кој вели значително ќе ја олесни комуникацијата, вели дека се работи на патот Охрид – Кичево и дека во наредниот период многу ќе се работи на Кичево – Букојчани, на Букојчани – Гостивар, на Гостивар – Тетово како и на Прилеп – Битола.

Би можело да ве интересира

Николоски: До крајот на јануари ќе заврши целокупната експропријација за патните делници од коридорите 8 и 10д

СДСМ: Николовски повторно фатен во лага, немало никакви преговори за Коридорот 8

Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час и половина

А1он

ДУИ: Демантирана уште една лага, Николовски потврди дека никој од ДУИ не купил земјиште на патот Скопје – Блаце

Тунелот да го гради еден изведувач, постигнати почетни договори за пругата кон Бугарија

ДУИ: Целосното ретерирање на Владата за Коридорот 8, ја потврди чистотата на проектот

Катерина Ѓуровски