Фудбалерите на Баер Леверкузен вечерва во Ротердам го победија Феенорд со 4:0 (4:0) во натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите.
Леверкузен поведе уште во петтата минута со голот на Флоријан Вирц. На 2:0 зголеми Алехандро Грималдо во 30. минута. Повторно погоди Вирц во 36. минута.
Гостите во 45. минута стигнаа до 4:0. Едмонд Тапсоба шутираше, но голманот на домашната екипа Тимон Веленројтер несмасно интервенираше и ја испрати топката во мрежата.
Феенорд во следното коло од Лигата на шампионите ќе и гостува на Гирона, додека Баер Леверкузен ќе го пречека Милан.