Раководството на Унион Берлин физички нападнато пред дуелот со Феенорд

Од:

Претседателот на Унион Берлин е еден од нападнатите членови на раководството на германскиот фудбалски клуб пред вечерашниот дуел во Холандија против Феенорд во рамки на Лигата на конференции.

Полицијата во Ротердам соопшти денеска дека е уапсен 25-годишен маж, откако група луѓе во средата предизвикале инцидент во кафе бар во градот, фрлајќи столчиња и други предмети, при што се повредени претседателот на Унион, Дирк Цинглер и еден член на управниот одбор на клубот.

– За среќа немаше потешко повредени. Не помислувате дека вакво нешто би можело да се случи. Во групата имаше и многу жени, но и повозрасни лица, изјави портпаролот на Унион, Кристијан Арбајт.

Феенорд го осуди нападот и му извини на раководството на германскиот клуб.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Феенорд му го нанесоа најголемиот пораз на Ајакс

(ВИДЕО) Кокча му се нафрли на Тадиќ во најголемото холандско дерби: Навивачите му ја повредија главата на играчот на Ајакс

Лидерот Унион Берлин падна во Бохум

КАС: Лацио да плати еден милион евра на Феенорд за Де Вриј

Наум Локоски