СДСМ: Нов скандал, Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец

Од:

Денеска објавуваме нов скандал поврзан со работата на министерот Панче Тошковски и МВР. Обезбедувањето на Христијан Мицкоски, полицаецот Ивица Бисовски, кој тепаше друг полицаец пред кафе барот Мош во Скопје, Тошковски го ослободил од одговорност вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Сериозниот инцидент, се случи во февруари 2024 година, а натепан беше полицаец, инспектор во НТШ додека спроведувал акција против дрога. Беше поведена дисциплинска постапка и комисија а лично Тошковски најавуваше и кривични пријави. Се случи спротивно. Тошковски го ослободува Бисовски. Иако Комисијата за дисципинска постапка побарала Бисовски да биде казнет, лично Панче Тошковски го ослободува бодигардот на Мицкоски од одговорност. “Одреден припадник на МВР сторил насилство со што ја погазил честа на службите во Министерството, па и честа на Македонија“ Вака зборуваше Тошковски на 19 февруари како технички министер, веднаш по инцидентот. Епа министре Тошковски вие денеска не само што го погазивте зборот, ја погазивте честа и угледот на целото МВР, на сите полицајци, рече Кузеска.

Таа побора Тошковски да и објсани на јавноста дали одлуката е донесена по налог на Христијан Мицкоски, и најави дека ако Тошкоски не даде објаснување, СДСМ ќе ги дал одговрите пред јавноста.

Би можело да ве интересира

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок

Мицкоски вели може да се преговара за начинот на гласање на дијаспората

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Нашата визија е јасна – да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула