Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Од:

51-годишен навивач на Ливерпул почина во Милано неколку часа пред почетокот на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу италијанскиот и англискиот клуб.

Италијанските медиуми јавуваат дека 51-годишен навивач, по потекло од Ирска, се обидел да го помине автопатот А4 во близина на аеродромот, кога на него налетал автомобил. Неговото име не е објавено, а медиумите пишуваат дека тој во џебот имал билет за „Сан Сиро“ каде од 21 часот се игра натпреварот од 1. коло во Лигата на шампионите.

Навивачот на Ливерпул успеал да помине три ленти од автопатот пред да биде погоден. Медиумите тврдат дека во неговото друштво имало уште две лица, а се сомневаат дека се негови роднини. Кога пристигнала полицијата, двајцата побегнале од местото на несреќата.

Полицијата истражува зошто се обиделе да го преминат автопатот, зошто се одвоиле од другите навивачи на Ливерпул и дали жртвата била во „променета психофизичка состојба што можела да влијае на неговите постапки“ во моментот на неговата смрт.

Би можело да ве интересира

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

Велосипедист удрил и тешко повредил жена од Куманово

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

Тешка сообраќајка во Тетово, автомобил усмрти пешак

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Кратово

Се судрија „сканија“ и „БМВ“, загина возач и сопатник од Гостивар, уапсен е возачот на камионот

Горан Наумовски