На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Од:

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјаско Радов, каде беше изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително беше побарано објаснување од бугарската страна.

Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата Претседатели поминале во пријателска атмосфера.

Дополнително, на амбасадорот Радуков му беше укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести. Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна.

На средбата во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на амбасадорот Радуков, исто така, му беше пренесено дека Република Северна Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што беше потврдена подготвеност и од другата страна.

Би можело да ве интересира

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Муцунски: Стоиме со Украина, таа е суверена држава

Предраг Петровиќ

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

Почина универзитетскиот професор и дипломат Јован Донев

Пожарот во Лакавичкиот регион се движи во насоки кон викендици и планината Серта

Пет активни пожари низ државата