Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори Доналд Трамп изјави денеска дека ја мрази американската поп ѕвезда Тејлор Свифт, откако таа ја поддржа неговата противкандидатка Камала Харис.
„Ја мразам Тејлор Свифт“, со големи букви напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Популарната американска пејачка ја поддржа Харис во трката за Белата куќа, веднаш по завршувањето на дебатата меѓу актуелниот потпретседател и републиканскиот противкандидат Трамп.
Трамп претходно сподели лажни фотографии генерирани со вештачка интелигенција на социјалните мрежи на кои се гледа дека наводно Свифт и нејзините обожаватели го поддржуваат во изборната трка.