Од ноември нема веќе летови Скопје-Сараево

Од:

Специјализираната веб страница за авијација Exyuaviation објави дека од 29 ноември грчката авиокомпанија „Ејџијан ерлајнс“ нема повеќе да лета на линијата Скопје-Сараево.

Оттаму објавуваат дека продажбата на билети за оваа линија за сезоната следната година е веќе прекината и дека грчката компанија, која неодамна ги намали и летовите на релацијата Скопје-Атина, не ја коментирала оваа одлука.

Компанијата почна да ги реализира летовите од Скопје до Сараево на втори октомври минатата година – три пати неделно.

Авиокомпанијата лани аплицираше за субвенции кои ги даваше македонската влада за воведување нови линии од Скопје, но се повлече откако тендерот беше прогласен за неважечки. Таа не учествуваше на подоцнежниот владин јавен повик.

„Ејџиан ерлајнс“ дополнително има во план да ги намали летовите Атина-Скопје. Од декември, авиопревозникот ќе одржува три неделни летови меѓу двата града, помалку од шест неделно минатата зима.

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Пукање во средно училиште во Сараево, ранет ученик

Пукање во Сараево, полицијата во потрага по двете криминални групи

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Пожар во Сараево, гори минирана површина