Во изминатите 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 26 Палестинци, меѓу кои и петмина вработени во Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) во напад на училиште на таа организација.
Нападот врз друго училиште на УНРВА доаѓа само неколку дена откако шестмина вработени на ОН беа убиени во одделен напад врз училиште во бегалскиот камп Нусејрат во средата, и покрај тоа што нападите врз училиштата и другите цивилни засолништа се воено злосторство, објави Ал Џезира.
Во кампот Нусејрат во последните 24 часа загинаа три лица, а во бегалскиот камп Џабалија израелските војници убиле еден Палестинец и раниле неколку други, пишува палестинската агенција Вафа.