Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Од:

Во Египет се судрија два патнички воза. Како што објави „Дејлимејл“, најмалку три лица загинале, додека повеќе од 40 се повредени.

Според неофицијални информации, меѓу жртвите има и две деца.

Несреќата се случила недалеку од градот Загазиг, кој се наоѓа во провинцијата Шаркија.

На снимките од местото на настанот се гледаат оштетени вагони во кои се уште патници. Недолго по несреќата, околу композициите се собрале голем број луѓе кои им помогнале на спасувачките екипи да ги извлечат патниците.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во судар на патнички возови во Прага

Горан Наумовски

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Роднините на загинатите во железничката несреќа во Русија ќе добијат помош од 20.000 евра

Горан Наумовски

Египет бара формирање независна држава Палестина

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени