Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Од:

Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. 80 општини доставија 357 проекти со кој се решаваат конкретни проблеми на граѓаните. Ова е историско високо ниво на владини инвестиции важни за локалната самоуправа, извести владината прес служба.

„Со овие пари ќе се градат водоводи, канализации, училишта, градинки, спортски комплекси. На овој начин се покажува конкретната грижа и поддршка за општините. Високиот интерес покажува дека владината мерка за 250 милиони евра за капитални инвестиции ја има својата оправданост. Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот. Со ова се реализира уште едно ветување за граѓаните“, се вели во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски

Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија

„Блумберг“: Германската влада е во криза

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци