Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека Србија уште еднаш ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово.

Рацете ни се „врзани“ затоа што Албанците имаат поддршка од Западот“, рече Вучиќ и додаде:

„Ќе биде тешко за нашите луѓе на Косово, но Србија нема да загуби.

Вучиќ изјави дека заминувањето на Курти на северот на Косово било демонстрација на сила, што некогаш го правел Адолф Хитлер.

„Во следните 45 дена ќе донесеме закон со кој Автономната покраина Косово и Метохија ќе ја прогласиме за област на посебна социјална заштита, драстично ќе ја зголемиме финансиската поддршка, за 5.000 лица кои се невработени на месечно ниво од 20.000 динари“, рече Вучиќ.

„Договорено е Народното собрание на Република Србија во рок од 45 дена да донесе закон со кој Автономната покраина Косово и Метохија ќе ја прогласи за област на посебна социјална заштита, со што ќе се гарантира правото на финансиска поддршка за невработени“, се објаснува во обраќањето на српскиот претседател.

Овој закон конкретно ќе ја регулира и ограничи продажбата на недвижен имот (ограничување на продажбата на недвижен имот за физички лица кои се корисници на законските придобивки).

„Уживањето во привилегиите ќе биде ограничено само на оние кои всушност живеат во АП Косово и Метохија“, посочи Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски