Таравари по судската одлука: Партијата се враќа на своето членство

Од:

Претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, реагираше на одлуката на Апелациониот суд со која се поништи одлуката на Основниот суд во Тетово.

Според Таравари, со последната одлука на судот Алијансата за Албанците се враќа на своето членство.

„Алијансата за Албанците е наша! Апелациониот суд одлучи дека партијата Алијанса за Албанците и припаѓа на апсолутното мнозинство. Партијата му се враќа на членството! Честитки до сите!“, изјави Таравари.

Инаку, синоќа Алијансата за Албанците соопшти дека Апелациониот суд во Гостивар го вратил предметот на политичката партија Алијанса за Албанците на повторно судење и ги прифатил жалбите на правниот застапник на Арбен Таравари.

„Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесенa од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да и припаднат на фракцијата што и се придружи на ДУИ. Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелациониот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател Арбен Таравари“, велат од АА.

Би можело да ве интересира

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

Таравари избра да оди со ДУИ, нека му е со среќа, изјави Меџити

ВРЕДИ: Го поздравуваме враќањето на Алијансата за Албанците на фронтот на промените

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците останува дел од владината коалиција

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Катерина Ѓуровски

Касами: Неколкумина индивидуалци ја напуштија Алијанса за Албанците, останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата