Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Од:

Според пишувањата на медиумите, српскиот претседател Александар Вучиќ ќе и се обрати на јавноста во петок во 18 часот.

Државниот врв се уште разговара за повеќе прашања, а на маса е и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Република Србија, што повлекува бројни последици, меѓу кои и подготовки за враќање на окупираните области, поради повеќемесечните тензии на Косово, но и ситуацијата која ескалира во последните неколку дена.

„Последен во низата немили настани, и по 14-дневна блокада на српските институции, беше тепањето, малтретирањето и апсењето на четворица српски младинци кои славеа роденден“, пренесуаваат медиумите во Србија.

Воедно, сето тоа носи значителни проблеми, не само поради потребата од развој и напредок на Србија, туку и поради фактот што со тоа би се признала законитоста и легитимноста на војската на Косово и нивните тела како легално спротивставени страни, пишуваат српските медиуми.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он