Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Од:

Францускиот регулатор за електрична енергија (CRE) препорача цените на електричната енергија за домаќинствата, утврдени од државата, да бидат најмалку 10 отсто пониски од февруари 2025 година.

Тоа треба да се направи со цел да се намали финансискиот товар на населението.

Владата ќе треба да одлучи дали ќе го следи предлогот на регулаторот, но министерот за финансии во заминување, Бруно Лемер, претходно оваа година изјави дека ќе се заложи за значително намалување на цените на електричната енергија.

Франција прва воведе ограничувања на цената на струјата по почетокот на војната во Украина, кои владата постепено ги намалуваше, а просечните трошоци за електрична енергија се уште се релативно ниски во споредба со другите европски земји, пишува Политика.

Цените на струјата во Европа пораснаа во последните две години, главно поради војната во Украина. Незадоволството од инфлацијата кај француските гласачи се одрази на европските и националните избори оваа година, каде се зајакнаа опозициските партии од левицата и десницата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна