Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Од:

Град Скопје соопшти дека до Министерството за локална самоуправа ги има доставено проектите согласно објавениот јавен повик за поддршка од Владата.

Поднесени се 20 проекти во повеќе области со фокус на подобрување на јавниот превоз, развој на градската патна инфраструктура, противпожарната заштита, јавната хигиена, информациски технологии и дигитализација, како и од областа на културата.

– Во областа сообраќајот, Град Скопје ги поднесе проектите за 80 еколошки ЦНГ автобуси и 15 електрични автобуси. Во областа на противпожарната заштита, Град Скопје аплицираше за обезбедување финансиски средства за нови противпожарни возила. Во сферата на урбанизмот и развој на патната инфраструктура, аплицираше со проекти за реконструкција на улица Беласица, изградба на булевар Македонско Косовска Бригада од раскрсница со булевар Никола Карев до раскрсница со булевар Босна и Херцеговина, кружен тек на улица Ѓорче Петров со булевар Македонска војска, изградба на кружен тек на булевар Александар Македонски, изградба на кружни текови на булевар 12-та Македонска бригада, реконструкција на булевар Србија и проект за надградба на постојната градежна механизација, информираа денеска од Град Скопје.

Од областа на комуналните дејности, Град Скопје поднел проекти за зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија Комунална хигиена и Паркови и зеленило, како и за реконструкција на стакленици за производство на садници. За секторот култура и спорт, Град Скопје аплицирал со проекти за реконструкција на Планетариумот и изведба и поставување на трим тартан атлетска патека по должината на кејот на реката Вардар.

Со цел имплементирање повисок степен на дигитализација и информациски технологии, Град Скопје поднел проект за LoRaWAN инфраструктура и за систем за паметно мерење и управување со електрична енергија на град Скопје.

– Во период кога Град Скопје се соочува со голем број предизвици, а наш приоритет е обезбедување квалитетни услуги и ефикасни решенија за граѓаните, се надеваме на успешна соработка со централната власт во насока на заедничка реализација на проектите со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните на нашето Скопје, велат од Градот.

Утре истекува рокот во којшто општините треба да го пополнат апликативниот формулар за јавниот повик за реализација на проекти во вкупна вредност од 250 милиони евра што го распиша Министерството за локална самоуправа.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека очекува овој процес да заврши успешно.

– Во текот на вчерашниот ден имаше некаде околу 10 до 12 општини коишто веќе ги поднеле своите апликации. Очекувам денеска тој процес да забрза и утре да заврши успешно. Потоа следи евалуација на истите, да видиме со што располагаме и потоа започнуваме со реализација на ветеното, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

По добивање на апликативните формулари, почнува процесот на евалуација која се очекува да заврши во рок не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства изготвуваат предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивна област и таа предлог одлука се доставува на усвојување на владина седница.

Би можело да ве интересира

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

ВЛЕН: Пропадна планот за дестабилизација на тројката Левица-СДСМ-ДУИ