СДСМ: Нема одговорност, Рамука доби партиско-политичка заштита од Тошковски и Мицкоски

Од:

Бројни скандали се случија на границата со Косово каде по налог на началникот Наим Рамука слободно, без контрола и без евиденција се поминува, како што беше случај и со сватовите на Гаши. Откако Тошковски не успеа да ги заташка скандалите, наместо да побара одговорност од Рамука којшто ги давал наредбите, целата вина им ја накалемува на полицајците кои работат на граничниот премин, иако немаат никаква одговорност. Со добро познатите методи на ВМРО-МВРО се казнуваат невини и чесни луѓе, кои си ја работат својата работа професионално, а се штити вистинскиот одговорен за скандалот. Кога се политичките дилови на коалициските партнери нема одговорност од функционерите, велат од СДСМ.

„Тошковски и Мицкоски обезбедија партиско-политичка заштита за нивниот омилен началник Рамука. Нема одговорност за функционерите од власта. Вака ли ВМРО-ДПМНЕ ја замислува одговорноста за која беседи Мицкоски? Да се местат луѓе да одговараат иако ништо не згрешиле, само за ДПМНЕ да си ги покрие скандалите? Ова е неправда од надолен вид. Брука и срамота. Обвинителството не смее да молчи, мора да постапи по овој случај, невините да се спасат а да одговараат вистинските виновници“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство