Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Од:

Во Вишиот суд во Белград, во продолжението на судењето на родителите на момчето кое на 3 мај минатата година уби девет деца и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“, беше испитан ДНК вештак.

По завршувањето на судењето, застапникот на оштетените Марко Јанковиќ за новинарите изјави дека денеска била сослушана тогашната наставничка по историја, дадилката на малолетниот К.К. кој го изврши масакрот и експертот за ДНК.

– Паднав на земја и не можев да видам кој пука. Додека лежев на земја, видов како минуваат нозе покрај мене, со лесно одење и ми се чинеше дека е мирен. По злосторството ја напушти училницата – вака денеска на суд сведочеше наставничката по историја која го преживеа злосторството.

Револт во судницата предизвика дадилката на семејството Кечмановиќ која сведочела дека „момчето било добро и не забележала ништо чудно кај него“. Неофицијално, таа објаснила дека само еден ден видела дека К.К. чита текстови за оружје. Адвокатот Јанковиќ изјави дека прегледот на ДНК на вештакот траел кратко, додавајќи дека ништо не е сменето во однос на она што постоело во фазата на истрага, а е поврзано со тоа вештачење.

Адвокатката на оштетените Зора Добричанин истакна дека иако се ближи крајот на оваа постапка нема да престанат да бараат соучесници во ова дело.

Адвокатката Ирина Боровиќ, бранителот на семејството Кечмановиќ изјави дека е сослушан судскиот вештак, не може да прецизира што кажал вештакот, но наведе дека фокусот бил на делот од обвинението кој се однесува на Милјана Кецмановиќ.

На денешното судење отсуствуваше сведокот од стрелиштето кој беше повикан, а како што рече Јанковиќ треба да даде исказ во петок кога ќе продолжи ова судење.

Мајката Милјана Кецмановиќ на претходното рочиште го искористи законското право да не сведочи во оваа постапка. Тогаш беа сослушани полицајците кои вршеа увид во станот во Кецмановиќ по масакрот.

Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Милјана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиштето Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.

Сопственикот на стрелиштето каде малолетниот Коста Кецмановиќ научил да пука, Ратко Ивановиќ, склучил спогодба за признавање на вината со Вишото јавно обвинителство во Белград, врз основа на што судот го прогласил за виновен за кривичното дело давање лажен исказ и му одреди шест месеци куќен притвор.

На претходните судења, Милјана и Владимир Кецмановиќ ја изнесоа својата одбрана и ја негираа вината.

Во овој случај, судот го затвори судењето за јавноста поради заштита на интересите на малолетните жртви.

Таткото на момчето е обвинет дека сторил кривично дело – тешко кривично дело против општата безбедност, бидејќи однел 13-годишно дете на стрелиште и го научил да пука, како и дека не го чувал соодветно оружјетп во куќата.

Мајката на Коста, Милјана Кецмановиќ беше обвинета затоа што нејзината ДНК била пронајдена на чаура во училницата каде што бил извршен масакрот.

Момчето Коста кецмановиќ кое во моментот на ова кривично дело сè уште немало 14 години и затоа не одговара кривично, со два пиштоли на татко му што ги зел на 1 мај ги застрелал своите соученици.

Кобниот ден, ги ставил пиштолите во ранецот, отиде на училиште и на првиот час уби десетмина, а повреди уште пет деца и наставник по историја.

Би можело да ве интересира

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Запленет автомобилот на мајката на момчето убиец од „Рибникар“.

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата

„Не сум виновна“, вели мајката на убиецот од „Владислав Рибникар“ во Белград