Трагедија во Хрватска: Британец скокал со падобран, се повредил и починал

Од:

Граѓанин на Велика Британија починал од повредите со кои се здобил вчера скокајќи со падобран од вијадуктот Лимска Драга, извести денеска истарската полиција.

Полицијата во Ровињ добила дојава дека 53-годишен државјанин на Велика Британија е повреден додека скокал со падобран. Британскиот државјанин им подлегнал на повредите во болница.

Од полицијата известија дека продолжуваат со утврдување на сите околности на настанот, со што е известено и надлежното државно правобранителство.

Би можело да ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори

Британец украл мобилен телефон поради што е во затвор 11 години, реагираше ОН

ВИДЕО: Слетувањето на падобранец на теренот на мечот Германија-Франција, од сите агли

Жарко Настоски