Во Мадрид е нападната амбасадорката на Србија

Од:

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, најостро го осуди физичкиот напад врз српската амбасадорка во Шпанија, Ирена Шарац. Таа била нападната во центарот на Мадрид.

„Најостро го осудувам физичкиот напад врз амбасадорката Шарац во центарот на Мадрид. Бараме целосна истрага и одговорност од сите власти за овој безобразен инцидент и чин на насилство врз највисокиот дипломатски претставник на нашата земја“, изјави за Танјуг шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ.

Како што дознава Танјуг, во центарот на Мадрид, млад човек физички ја нападнал српската амбасадорка во Шпанија и и нанел повреди на грбот.

Од изјавите на присутните сведоци постои сомнеж дека напаѓачот е по потекло од Албанија.

Според очевидци, на амбасадорката Шарац, која телефонски разговарала на српски јазик, и пришол помлад човек и ја прашал дали е од Србија, по што тој ја удрил со нога во грбот и побегнал.

Неколку сведоци потоа неуспешно се обиделе да го фатат напаѓачот. Нападот бил пријавен во полиција.

Би можело да ве интересира

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

A1on

Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор во бугарското МНР поради случајот со Кадриески

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во болница во Мадрид, има и загинати

Софија ќе и врачи протестна нота на амбасадорката Руси , Османи го уверил Милков дека ќе се расчисти случајот

A1on

Амбасадата на Украина во Мадрид примила „крвав пакет“, полицијата ја огради областа

Горан Наумовски

ВИДЕО: Автомобил влета во група луѓе во Мадрид, четворица загинати

Катерина Ѓуровски