Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Неготино

Од:

Со тешки повреди се здобил мотоциклист при судир со возило „пасат” синоќа во Неготино, извести портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

– Вечерва во 20.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата од улиците „Идустриска” и „Маршал Тито” се случила сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл „сузуки” управуван од А.К.(54) од Кавадарици и возило „пасат“ управувано од Ф.А.(29) од Виница. Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Кавадарци, појасни Ѓаковска.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи од Неготино.

Би можело да ве интересира

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Oбвинителството за трагедијата во Радишани: Загина мотоциклист, а 46-годишник е обвинет за бегство од местото на несреќата

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево

Полицијата уапси едно лице по несреќата во Скопје во која загина 19-годишен мотоциклист

Горан Наумовски