Димитриевски: Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на секој од нас

Од:

Со должна почит денеска ја одбележуваме 33-годишнината од осамостојување на независна и суверена Република Македонија, како остварување на трудот и пожртвуваноста на многу генерации, се вели во честитката на Максим Димитриевски, претседател на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија:

„Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава, посветено чекорејќи по патот, кој води кон квалитетен живот на сите нас. Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на секој од нас. Смело да зачекориме по зацртаниот пат на развој и просперитет. Да бидеме лидери во економски развој, да имплементираме квалитетни проекти за подобар живот на граѓаните, со цел обезбедување сигурна иднина за генерациите, кои допрва доаѓаат.
Нека ни е честит и вековит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија“, напиша Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Минчев: Граѓаните не живеат од ветувања, туку од резултати што ги чувствуваат

Ѓубрето од Куманово се носи на Дрисла

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји!

А1он

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

Димитриевски го осуди вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово